Cemil Murat Budak,Serdar Açıl
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА
Јавното обвинителство од Анкара, во рамките на истрагата за структурите на терористичката организација ФЕТО во Командата на турското копнено воздухопловство, донесе одлука за приведување на 34 осомничени, меѓу кои тројца пилоти на хеликоптер, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Jавното обвинителство се наведува дека откако е утврдена периодичната и последователна комуникација на 33 војници со „доверливите имами“ на организацијата ФЕТО преку телефонски говорници и припејд телефони од ресторани, донесена е одлука за приведување на овие војници и „доверливиот имам“, кој раководел со нив.
Сите војници за кои е издадена наредба за приведување се во активна служба, а меѓу нив се наоѓаат и двајца капетани и еден прв поручник. Меѓу осомничените, тројца се пилоти на хеликоптер, а останатите се подофицери во воена служба како технички персонал во одржувањето на хеликоптерите.
Во соопштението се истакнува дека операцијата за приведување ја спроведува полицискиот оддел за борба против тероризам на Анкара.