Zafer Fatih Beyaz
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНКАРА
Екуменскиот патријарх Вартоломеј му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на завршувањето на рестарвацијата на манастирот Сумела во Трабзон и повторното отворање за посети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека Вартоломеј разговарал со Ердоган и изразил задоволство за поддршката и интересот на претседателот Ердоган за реставрациските работи на манастирот Сумела.
Проектот за рестарвација на манастирот Сумела траеше последните пет години и во тој период оваа туристичка атракција беше затворена за посети.
Во рамките на проектот, отстранети се камењата кои претставуваат опасност за посетители, а во делови од камењата кои ги одредија експертите, поставена е челична жичена мрежа, со што оваа локација е доста обезбедена. Исто така, извршена е рестарвација на внатрешниот дел на објектот, а направени се и патеки кои водат до самиот манастир.
Манастирот Сумела е една од најпосетуваните дестинации на истокот на црноморскиот регион, а нејзиниот необичен изглед и локација го прават специфичен во секое време од годината, дури и во студени и снежни денови. Подножјето на карпите на кое е „вграден“ овој историски комплекс нуди неверојатен поглед.
Манастирот „Сумела“, познат и како манастир „Дева Марија“, во турската област Мачка, во Трабзон покрај Црното Море, се наоѓа во пошумената област на околу 300 метри над долината „Алтиндере“, на падините на Црна Гора (Karadağ).
Многу делови од манастирот биле реновирани во 18. век, а некои од нејговите ѕидови биле украсени со фрески. Во 19. век, со додавањето на новите големи објекти, манастирот се здобил со прекрасен изглед и го доживеал најбогатиот период. Во тој период манастирот ја добил конечната форма и станал место кое е значајно од историски и културен аспект, а во исто време и туристички атрактивно.
Главните делови на манастирот се црквата на главната карпа, неколку параклиси, кујна, студентски соби, куќа за гости, библиотека. Овие структури се протегаат на многу голема површина. На влезот на манастирот се наоѓа голем аквадукт преку кој се носело вода. Скалите пред влезната врата на манастирот се тесни и долги. Лево, пред пештерата има различни манастирски објекти. Десно е библиотеката.
Фреските во параклисот датираат од почетокот на 18. век и може да се види дека се направени од три слоја во три одделни периоди. На фреските прикажани се теми од Библијата од животот на Исус и Дева Марија.
Манастирот Сумела се нарекува и „проколнат“ поради маглата која во утринските часови манастирот го прават таинствен, убав, но и прилично застрашувачки.