Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА
Петмина терористи на ПКК се предадоа на безбедносните сили во Турција, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека терористите се предале како резултат на напорите за убедување од страна на полицијата и жандармериските сили.
Тие се приклучиле на ЈПГ/ПКК во периодот меѓу 2011 и 2015 година, и биле активни во Сирија и Ирак, се додава во соопштението.
Бројот на терористи кои се предадоа преку напорите за убедување во 2020 година се искачи на 215, се соопштува од Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.