ШАНЛИУРФА (АА) - ХАЛИЛ ФИДАН - Најстариот познат храм во светот, Ѓобеклитепе, кој се наоѓа на привремената листа на светско наследство на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се очекува да привлече уште повеќе посетители благодарение на заштитениот кров, чија изградба е завршена, пишува Anadolu Agency (AA).
Ѓобеклитепе се наоѓа во близина на центарот на подрачјето Халилије во турскиот град Шанлиурфа. Ископувањата во Ѓобеклитепе, кој за првпат бил откриен за време на истражувањата извршени од страна на истражувачите од универзитетите во Истанбул и Чикаго во 1963 година, се во тек од денот на откривањето на ова место.
Ѓобеклитепе од страна на повеќе меѓународни институции и организации се смета за најстариот храм во светот, а пред сè од страна на турското Министерство за култура и туризам, додека пред шест години беше вклучен на привремената листа на светски наследства на УНЕСКО.
Подготовките на Ѓобеклитепе за кандидирање за УНЕСКО се во тек, и е еден од кандидатите на Турција на 42. состанок на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи оваа година.
Исто така, завршени се работите за поставување челичен кров од 4.000 метри квадратни со цел подобро да биде заштитен во текот на годините.
Ова место минатата година беше привремено затворено за посетители поради работите за изградба на кровот, а по завршувањето на овие работи беше повторно отворен за посетителите, коишто ќе имаат можност подобро да го разгледаат ова место благодарение на новиот кров. Се претпоставува дека туристичката сезона во регионот ќе биде поактивна со повторното отворање на Ѓобеклитепе за посетители.
Градоначалникот на Халилије, Февзи Демиркол, во изјава за АА, истакна дека Ѓобеклитепе со неговиот нов лик ги чека своите посетители.
Демиркол информираше дека тие како општина вршат различни работи за промовирање на Ѓобеклитепе кој, како што рече, ќе дава значаен придонес за туризмот во овој град.
- „Едно дело што ќе го носи напред туризмот на Турција“ -
Демикрол рече дека верува оти Ѓобеклитепе со новиот лик ќе привлече уште повеќе туристи.
„Ѓобеклите е најстариот познат артефакт во историјата, дело што ја промени светската и археолошката историја. Од овој аспект, задоволни сме што Ѓобеклитепе се наоѓа во нашето подрачје, во Шанлиурфа, и во Турција. Направивме кров со цел посетителите да имаат посоодветна средина. Затоа извесно време беше затворен. Но, тој кров не е некој едноставен, туку е со вредност од 6,5 милиони евра. Ги покануваме сите нашите граѓани и љубители на историјата да го посетат и запознаат ова место“, додаде тој.
Демиркол потсети дека Ѓобеклитепе е околу 7.500 години постар од египетските пирамиди, како и од споменикот Стоунхенџ во Британија.
„Ако можеме да го промовираме Ѓобеклитепе како што треба, и да го привлечеме светскиот туризам тука, тогаш економијата на Шанлиурфа и Турција ќе има голем бенефит од тоа. Од овој аспект, ќе правиме сè за промовирање на ова место“, нагласи Демиркол, и рече дека се свесни оти Ѓобеклитепе е дело што ќе го помогне за напредок на туризмот во Турција, и дека веруваат оти заслужено ќе го заземе своето место на Листата на светски наследства на УНЕСКО.
- „Туристичките компании долго време ја чекаа оваа вест“ -
Претседателот на Регионалната комора на туристички водичи, Муслум Чобан, нагласи дека со отварањето на Ѓобеклитепе, во градот ќе име поголем број домашни и странски туристи.
Чобан рече дека туристичките компании долго време ја чекале оваа вест.
„Во нашето подрачје, пополека се отвора туристичката сезона. Сите долго време чекавме да се отвори Ѓобеклитепе. Се надеваме дека сега со новиот лик ќе привлече уште повеќе туристи. Оваа година очекуваме околу еден милион домашни и странски туристи да го посетат подрачјето. И во таа насока ги вршиме подготовките“, додаде Чобан.
Од друга страна, Синем Киран, која дошла од Истанбул да го посети Ѓобеклитипе, рече дека постојано го гледала на медиумите, но немала можност да го посети, и додаде дека ова е нејзината прва посета на Ѓобеклитепе.
„Ова навистина е многу важно место. Претходно не било возможно да се видат вакви артефакти. Со новиот кров, можат многу подобро да се видат овие прекрасни артефакти. Се возбудив поради посетата, и ги повикувам сите да го посетат ова место“, истакна таа.
- Ѓобеклитепе -
Ископувањата во Ѓобеклитепе, кој за првпат бил откриен за време на истражувањата извршени од страна на истражувачите од универзитетите во Истанбул и Чикаго во 1963 година, се во тек од денот на откривањето на ова место.
Во заедничките истражувања што се одвиваат од 1995 година од страна на Германскиот археолошки институт во Берлин и Музејот во Шанлиурфа, откриени се обеликси од неолитскиот период во форма на „Т“ со фигури од животни, високи од 3 до 6 метри и со тежина од 40 до 60 тони.
Во ископувањата, исто така, се откриени различни историски дела како остатоци од најстариот храм во светот во правоаголна и округла форма со дијаметар од 8 до 30 метри, и споменик на човек со висина од 65 сантиметри, за кој се смета дека датира од пред околу 12.000 години.