Ekipa
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили во изминатите седум дена спроведоа вкупно 1.224 антитерористички операции и неутрализираа најмалку 24 припадници на терористичките организации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција објави извештај за операциите кои турските сили ги извршија во изминатата недела во рамките на борбата против тероризмот.
Меѓу 24-те неутрализирани терористи, најмалку 11 се убиени, десет заробени и тројца доброволно се предале на турската полиција.
Поради поврзаноста и поддршката на терористичката организација ПКК, во Турција во изминатите седум дена беа приведени вкупно 686 осомничени лица. Приведени се и 568 осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, како и 32 осомничени лица поради поврзаност со левичарските терористички групи.
Турските сили исто така уништија и најмалку 21 засолниште кои терористите на ПКК ги користеле во непристапните планински предели на Мардин, Ширнак, Ван, Муш, Тунџели, Батман, Битлис и Дијарбакир.
Запленети се поголеми количини експлозив, лесно и тешко оружје.
Турската полиција во изминатите седум дена ја продолжи и борбата против криумчарењето дрога, при што запленети се најмалку 123 килограми хероин и поголема количина на други опојни средства.
Борбата против илегалните миграции е уште една област во која турските безбедносни сили активно учествуваа, и спречија најмалку 3.473 лица во обид за илегален премин на границата.
Уапсени се 89 лица осомничени за криумчарење на мигранти од Турција во Грција.