Mümin Altaş
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, по повод Денот на Европа порача дека Европската Унија (ЕУ), во случај да достигне повисок степен на единство, би можела да преземе многу важна одговорност за мирот во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Доколку Европската Унија достигне потполно единство на политичко, воено и економско поле, би можела да преземе многу важна одговорност за мирот во светот. Меѓутоа, одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како и големата поддршка на сепаратистичките идеи во другите земји-членки на ЕУ предизвикуваат сериозна загриженост во врска со иднината на оваа заедница“, наведе во пораката премиерот на Турција.
Нагласи дека неговата земја по принципот на реципроцитет има намера да го продолжи процесот на пристапување кон Европската Унија.
„Нашата земја, која во историска, географска и културна смисла себеси се смета за дел од Европа, има намера според принципот на реципроцитет да го продолжи процесот на пристапување во ЕУ“, порача Јилдирим.
Потсетуваме, денес во цела Европа, со пригодни активности се одбележува Денот на победата над фашизмот и нацизмот и Денот на Европа.