Sibel Uğurlu
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешен британски разузнавачки службеник е пронајден мртов на улица близу неговиот стан во Истанбул, соопшти турската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телото на поранешниот службеник на британската разузнавачка служба MI6, Џејмс Густаф Едвард Ле Мезуриер е пронајден во населба Бејоглу во Истанбул од страна на граѓани кои поминале од таму за да одат на утринска молитва во џамија.
Полициските и здравствените тимови пристигнаа во местото на настанот, а не пронајдоа лични документи за идентификација на ова лице, за кое покасно било откриено дека се работи за Ле Мезуриер.
Полицијата се сомнева дека причината за смртта е пад од височина, додека истрагата е во тек.
Сопругата на Ле Мезуриер во нејзината изјава истакна дека нејзиниот сопруг неодамно почнал да користи лекови за спиење и психијатарски медикаменти поради стресно пореметување, и дека инцидентот се случил изутрина додека таа спиела.
Ле Мезуриер беше основач на сириската агенција Цивилна одбрана.