Yıldız Aktaş
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
БАКУ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, при својата денешна официјална посета на Азербејџан, во Баку изјави дека во германскиот парламент е донесена една несреќна одлука, дека е потпишана една историска лага, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во германскиот парламент е донесена една несреќна одлука и потпишана една историска лага. Таа одлука за турскиот народ и државата Турција нема никакво значење и не претставува ништо“, рече Јилдирим, коментирајќи ја одлуката на Бундестагот со која е усвоена резолуцијата за наводните случувања поврзани со ерменскиот народ во Турција во 1915 година.
„Тоа всушност имаше за цел да го прикрие нивниот историски срам и затоа зазедоа таков став во парламентот“, зборуваше Јилдирим.
„Доколку ги погледнеме тие страници од минатото, тогаш би можело да се види дека најмногу се спомнуваат западние земји. Историјата на Турција е транспарентна и отворена. На сите тие страници, ние сме на последно место“, изјави премиерот на Турција Јилдирим.