Selma Kasap
27 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, соопшти дека претседателот на Турција Ердоган во ноември месец, минатата година, до претседателот на Русија, Владимир Путин, испратил писмо во кое тој go искажува своeтo големo жалeњe за урнатиот руски воен авион, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин соопшти дека во писмото Ердоган вели: „Уште еднаш ја споделувам тагата со семејството на загинатиот руски пилот и го искажувам своето сочуство".
Портпаролот Калин говореше во врска со писмото кое турскиот претседател Ердоган му го испрати на својот руски колега.
Портпаролот на претседателството на Турција, Калин, рече дека претседателот Ердоган го повикува својот руски колега за повторно воспоставување на традиционалните пријателски односи меѓу Русија и Турција, на соработката и заедничката борба против тероризмот.
Портпаролот Калин истакна дека „двете земји се согласни дека е потребно да се преземат потребните чекори, со цел подобрување на меѓусебните односи."