ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во видео пораката со која ѝ се обрати на нацијата во врска со обидот за пуч од страна на терористичката организација Фетулаџи, потсети дека Турција беше соочена со обид за државен удар којшто започна на 15 јули 2016 година, во 22:00 часот, и траеше до попладневните часови утредента, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција во последните три години се соочува со различни обиди за преземање на власта која е избрана од народот и со негова волја. „Обидот на 15 јули, во форма на оружен обид за државен удар, не остави место за сомнеж и откри дека Турција се соочува со терористички напади од различна природа“, изјави претседателот на Турција, Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган рече дека со брза акција ги преземале потребните чекори за сузбивање на пучот и изјави:
„Го повикавме народот да излезе на плоштадите, во заштита на земјата, татковината, државата и на демократијата. Потоа тргнавме кон Истанбул и заедно со народот застанавме наспроти пучистите, и покрај сите опасности. Народот беше одлучен во заштитата на татковината и со својата волја излезе пред пучистите, кои не им можеа ништо со своите тенкови, хеликоптери, авиони. Пучистите имаа авиони, тенкови и хеликоптери, но јас верувам дека наспроти нив, милионите граѓани на улиците ја имаа својата вера.
- „Голем број херојски епови беа напишани во текот на ноќта“
Претседателот Ердоган истакна дека народот воопшто не се повлекол.
„Без да им трепне окото, пукаа над главите на народот, помислија дека овој народ ќе се исплаши, ќе се повлечат во своите куќи и ќе им ги остават плоштадите и улиците ним. Но нашиот народ и покрај сите закани, фрлени бомби, конкретната закана и убиените лица пред нивните очи, не се повлече и не ги напушти плоштадите. Нашиот народ, заедно со безбедносните сили кон пучистите зазедоа историски став. Ги онеспособија тенковите и со својот став наспроти терористите што наликуваа на војници, целата ноќ испишуваа голем број херојски епови”, рече претседателот Ердоган.
Турскиот претседател соопшти дека во обидот за државен удар, животот го загубиле 208 лица, турски херои, а околу 1.500 се ранети.
- „Членовите на терористичката организација ќе бидат казнети”
Претседателот Ердоган истакна дека Турција на 15 јули се соочила со точка на разединување, без никакво објаснување.
„Од една страна, членовите на терористичката организација ФЕТО и нивните поддржувачи, кои направија обид да ни ја одземат нашата земја, народот, нашата иднина, и од друга страна народот, кој во име на својата волја, демократија и независност застана да ја брани државата. На 15 јули, на плоштадите и улиците во градовите излегоа луѓето на Турција од различни партии, со различни гледишта, начин на живот, волја, за да ја дадат својата поддршка на демократијата и иднината на земјата, со исти чувства, возбуда и одлучност. За првпат во историјата на нашата држава, еден обид за државен удар е сузбиен благодарение на народот. Турција е посветена на демократијата и на владеењето на правото“, рече турскиот претседател.
Претседателот Ердоган истакна дека може да се види оти не постои слабост во демократијата на Турција, по сузбивањето на обидот за државен удар, туку напротив, уште еднаш се покажа колку е силна демократијата во Турција.
Тој им се заблагодари на безбедносните сили, медиумите и на граѓаните кои излегоа на улиците и со својот придонес ја заштитија татковината и турската држава од извршителите на обидот за државен удар.
Тој истакна дека најзаслужни за неуспехот на обидот за државен удар се народот и полициските сили.
Претседателот на Турција, Ердоган ја истакна и својата благодарност до сите офицери и војници, кои покажаа дека ѝ припаѓаат на армијата на овој народ.
Претседателот Ердоган рече дека отсега нема биде покажана толеранција и милост кон поддржувачите на ФЕТО и кон останатите терористички организации.
- „Сите заедно ќе бидеме Турција“
„Војската, полицијата, националната разузнавачка служба и сите министерства ќе бидат исчистени од членовите на ФЕТО“, рече претседателот на Турција.
Претседателот Ердоган истакна дека е првиот претседател кој на таа позиција дошол со гласовите на народот и негова единствена цел е изградба на Турција. Тој им се заблагодари на Собранието, Владата, политичките партии, невладините организации и на сите оние што даваат своја поддршка во остварувањето на целите од проектот Турција 2023 година.
Според претседателот Ердоган, сите индикатори покажуваат дека економијата зад себе ја оставила рецесијата којашто владеела еден период, нагласувајќи го привршувњето на колосалните проекти на мостови и тунели што ќе ги соединат европскиот и азискиот брег на Турција, изградбата на мост на Дарданели, канал со кој транспортните бродови нема да го нарушуваат морскиот сообраќај во Истанбул.