Zafer Sel
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО која на 15 јули се обиде да изврши државен удар и да ја собори легитимно избраната власт во Турција, полицијата во Трабзон го приведе Халис Ханчи, за кој се смета дека е еден од високо рангираните припадници на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
До денес во Турција се приведени вкупно 13.002 осомничени, од кои 5.837 се задржани во притвор. Меѓу приведените се 1.329 полицајци, 8.831 воени лица, од кои 163 генерали и адмирали.