Hamdi Çelikbaş
24 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - 92,5 отсто од учесниците на анкетата на Агенција Анадолија (АА) спроведена преку социјалната мрежа Твитер одговорија „НЕ“ на прашањето „Дали Туркије треба да го поддржи членството на Шведска во НАТО?“.
Во анкетата што АА ја спроведе преку својот профилот на Твитер, „@anadoluajansi“, во период од 24 часа учествуваа 50.155 лица.
Во анкетата учесниците беа запрашани „Дали Туркије треба да го поддржи членството на Шведска во НАТО?“.
7,5 отсто од учесниците на анкетата одговорија „ДА“, додека 92,5 отсто од учесниците одговорија „НЕ“ на прашањето.
Агенција Анадолија резултатите од анкетата ќе ги сподели со шведските власти.