Handan Kazancı
21 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ГАЗИАНТЕП (АА) - Најголемиот музеј на мозаици во светот „Зеугма“, кој се наоѓа во турскиот град Газиантеп, привлекува рекорден број посетители чија бројка во 2019 година изнесуваше 340.569 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според турското Министерство за култура и туризам, музејот во 2016 година привлекол 108.835 туристи, во 2017 година - 169.773, а во 2018 година - 267.552 туристи.
Музејот е еден од најголемите од ваков вид и е дом на уникатни антички артефакти, како што се мозаици, фонтани од римско време, бронзената скулптура на Марс - богот на војната во римската митологија - и познатиот мозаик „Ромско девојче“.
Дванаесетте парчиња на мозаикот „Ромско девојче“ - кои беа вратени од САД во Турција по 52 години - се едни од најзначајните уметнички дела во музејот.
Музејот на мозаици „Зеугма“, кој е отворен во 2011 година, во 2012 година ја доби Претседателската голема награда за култура и уметност, а минатата година беше најпосетувано место во Газиантеп.
Музејот од неговото основање го посетиле вкупно 1,5 милион лица.