Kurbani Geyik
06 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили запенија вчера 13 тони дрога во акција на брод под боливиско знаме во меѓународните води, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата на бродот кој пловеше под боливиско знаме а под сомнение дека превезува наркотици изведена е вчера во меѓународните води североисточно од либиското пристаниште Тобрук.
Турската крајбрежна стража со поддршка на еден авион, а по примена информација дека пловилото превезува наркотици, го следеше бродот од 3 јануари.
Турските безбедносни сили акцијата на бродот ја изведоа во соработка со либиските власти и по налог на Министерството за внатрешни работи на Република Турција.
Акцијата на бродот започна вчера, а во нејзина прва етапа запленети се 13 тони канабис во прав. Претресот на пловилото сеуште е во тек, а бродот по завршување на акцијата ќе биде предаден на турската крајбрежна стража.
- Прва акција на Турција во меѓународните води
Според информациите кои АА ги доби од Министерството за внатрешни работи на Турција ова беше првата акција која Турција ја изведе во меѓународните води. Количината од 13 тони на опојни дроги истовремено е и најголема количина запленета на едно превозно средство во една акција.