Dilara Hamit
22 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Американската Амбасада во Анкара соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) сметаат дека Мапата од Севиља, за наводниот грчки континентален појас во Источниот Медитеран, нема никакво правно значење, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во однос на правниот статус на Мапата од Севиља, САД не сметаат дека таа има какво било правно значење. Ние, исто така, знаеме дека Европската Унија не смета дека Мапата на Севиља е правно обврзувачки документ“, се вели во соопштението.
Се нагласува дека САД во однос на глобалната политика не заземаат ставови во врска со споровите за поморските граници на другите држави.
„Засегнатите држави треба да ги решат споровите со поморските граници со договор врз основа на меѓународното право. САД силно го поддржуваат дијалогот и преговорите со добра волја и ги охрабруваат Грција и Турција да ги продолжат разговорите за истражувањето што е можно побрзо“, додаде тој.
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, минатиот месец во однос на Мапата од Севиља изјави: „Ние [Турција] не само што ќе ги уништиме оние што ја имаат оваа мапа во нивните умови, туку и ќе ја искинеме.“
Таканаречената Мапа на Севиља се обидува да го ограничи сувереното подрачје на Турција во Медитеранот на 41.000 квадратни километри, ограничувајќи ја земјата само на крајбрежјето.