Elena Trenchevska Chekovic
01 Јануари 2026•Ажурирај: 02 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Снежните врнежи продолжуваат да ја покриваат турската метропола Истанбул, на првиот ден од новата година, давајќи му на градот прекрасно зимско руво, јавува Анадолу.
Улиците, плоштадите, парковите се покриени со снежна покривка, во која, и покрај студеното време, голем број граѓани излегоа да уживаат во вистинската новогодишна атмосфера и да се фотографираат.
Турција е зафатена од студен бран кој донесе снежни врнежи особено обилни во северните и источните делови на земјата.