Erdoğan Çağatay Zontur
18 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
АНТАЛИЈА (АА) - „Турција започна заедничка операција со Иран против терористичката организација ПКК на источната граница на Турција“, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Започнавме заедничка операција со Иран против ПКК на источната граница, во 08:00 часот по локално време“, рече Сојлу во медитеранскиот град Анталија.
„Дополнително ќе го објавиме исходот од операцијата. Ќе ја елиминираме [терористичката ПКК]“, додаде Сојлу.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.