Gökhan Ergöçün
10 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Стапката на невработеност во Турција во ноември 2021 година изнесуваше 11,2 отсто, исто како и претходниот месец, покажуваат новите податоци од Заводот на статистика на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Во ноември 2021 година, бројот на невработени на возраст од 15 години и нагоре, со благ раст од 39.000, се зголеми на речиси 3,77 милиони, информираше Турскиот статистички институт (ТуркСтат).
Стапката на учество на работната сила изнесуваше 52,5 отсто со зголемување од 0,4 процентни поени, додека бројот на вработени во Турција се зголеми за 228.000, вкупно над 29,85 милиони, со што стапката на вработеност изнесуваше 46,6 отсто, забележувајќи зголемување од 0,3 процентни поени во ноември 2021 година.
„Стапката на невработеност кај младите (во ноември 2021 година) на возраст од 15 до 24 години изнесува 22,3 отсто со 1,7 процентен поен пораст во споредба со претходниот месец“, соопшти ТуркСтат.