Büşra Nur Bilgiç
26 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
АНКАРА (AA) - Во пресудата во рамките на главната постапка против ФЕТО/ПДЈ (Паралелна државна структура) се наведува дека неуспешниот државен удар ов 2016 година го наредил водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот кривичен суд во Анкара на 20 јуни изрече казна на доживотен тежок затвор на повеќето осудени поради нивната вмешаност во неуспешниот државен удар од 2016 година во Турција. Обвинителите во Анкара бараа 141 казна на доживотен тежок затвор за 17 членови за таканаречениот „Совет за мир во куќа", подгрупа на терористичката организација ФЕТО.
Во образложението на судската пресуда се наведува дека терористичката организација ФЕТО/ПДЈ одлучила да изведе државен удар.
Во пресудата се додава дека Ѓулен издал наредба за државен удар, а таканаречените имами во рамките на Вооружените сили на Турција имале задача тоа да го испланираат.
„Обидот за државен удар на 15 јули 2016 година планиран е и изведен така што се искористени предности на органски интегритет и ефикасностите на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ ширум земјата", се наведува во пресудата.
„Нема сомнеж ниту било какви контроверзи дека обидот за државен удар го извела вооружена терористичка организација ФЕТО/ПДЈ, користејќи го називот Совет за мир во куќа, кој ја претставувал структурата на терористичката група во рамките на вооружените сили", се заклучува во пресудата.
Терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во 70-тите години од минатиот век започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, за да во 80-тите години значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во рамките на тие институции и на 15 јули 2016 година изведе неуспешен државен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
Властите во Турција спроведуваат опсежни операции во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, на чие чело е Фетула Ѓулен. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети се околу 2.200 лица.