Halil İbrahim Başer,İsmail Özdemir
21 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, во текот на кој двајцата лидери се договориле да бидат во блиска соработка и кординација околу регионалните прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турски претседателски извори се дознава дека двајцата лидери синоќа имаа телефонски разговор.
Во текот на разговорот, покрај турско-руските односи, претседателите на Турција и Русија зборувале и за развојот на настаните во регионот. Двајцата лидери разговарале околу спроведувањето на прекинот на огнот во Сирија, првенствено во Идлиб, а исто така, разговарале и за процесот во Астана.
Претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин се согласија да бидат во блиска соработка и координација и околу регионалните прашања.
На средбата стана збор и за соработката меѓу двете земји на полето на трговијата и енергијата, истакнувајќи го задоволството што обемот на билатералната трговија во првите 9 месеци од оваа година е зголемен за 21,7 отсто во однос на истиот период минатата година.
Двајцата лидери истакнаа дека меѓусебните посети, дале значаен придонес во зацврстувањето на соработката меѓу Турција и Русија.