Diyar Güldoğan
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, синоќа оствари телефонски разговор со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, во кој претежно станало збор за случајот со исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Ердоган во разговорот го потенцирал формирањето работна група за случајот“, истакна извор од турското Претседателство.
Кашоги, саудиски новинар и колумнист во весникот „Вашингтон пост“ („The Washington Post“), исчезна по влегувањето во Саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври.
Турски полициски извори соопштија дека истиот ден кога Кашоги пристигнал во Конзулатот, во Истанбул пристигнале и 15 Саудијци, вклучувајќи и неколку официјални лица, и ја посетиле зградата на Конзулатот во времето кога новинарот Кашоги бил внатре. Сите идентификувани лица ја напуштиле Турција.
Се очекува саудиските власти да дадат објаснување за судбината на Кашоги, додека неколку земји, меѓу кои особено Турција, САД и Велика Британија, вршат притисок за што побрзо расчистување на случајот.