İzzet Mazi,Rıdvan Korkulutaş
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
КИЛИС (АА) - Членовите на терористичката организација ДАЕШ од северниот дел на Сирија истрелаа граната во турскиот пограничен град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван турски официјален претставник за безбедност, за АА изјави дека артилерискиот проектил паднал и експлодирал во ненаселена област и дека немало жртви.
На местото на експлозијата на проектилот на ДАЕШ, се создал длабок кратер, а оштетена е мрежата за електрична енергија.
Турските безбедносни сили ги засилиле безбедносните мерки во пограничниот град, а надлежните органи се веќе на терен со цел да ги елиминираат дефектите на електричната мрежа.
Во согласност со ангажманот на граничните сили, турската артилерија одговори на нападите на територијата на соседна Сирија, од каде што е испукан проектилот од Турција, а тоа е областа под контрола на ДАЕШ.