Hatice Kesgin
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ХАКАРИ (АА) - Најмалку двајца полицајци загинаа, а 15 се ранети во бомбашкиот напад што припадниците на терористичката организација ПКК го извршија рано утрово во југоисточната турска покраина Хакари, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен со активирање на автомобил-бомба во непосредна близина на контролниот полициски пункт на влезот во Хакари, и тоа неколку часа по сличниот напад на воената патрола во Ширт, во кој се убиени тројца војници.
Во силна експлозија животот го загубиле двајца, а ранети се 11 полицајци, еден војник и три цивила. Сите се згрижени во државна болница во Хакари.
Терористите на ПКК доцна синоќа во покраината Ширт извршија бомбашки напад во кој се убиени тројца војници. Терористите го извршиле нападот на воената патрола со активирање на експлозив на патот Ширт – Ерух.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и во ЕУ, а својата долгогодишна оружена кампања против Турција ја обнови во јули минатата година.
Турските безбедносни сили кон крајот на минатата година започнаа опсежни акции со цел неутрализирање на терористичките елементи низ цела Турција и во северен Ирак. Досега во тие акции животот го загубија околу 600 припадници на безбедносните сили, а убиени се повеќе од 7.700 терористи.