Ali Ebubekir Tokcan
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Товарниот брод со знаме на Танзанија, потона целосно денеска во Мраморното Море, откако синоќа почна да тоне усидрен на брегот на Зејтинбурну во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, товарниот брод „Берекет" под знамето на Танзанија, почнал да тоне во текот на минатата ноќ, а денеска напладне, можеше да се види само кабината на екипажот.
Причината за потонувањето на бродот, долг 115 метри и тежок 2.980 тони сеуште не е позната, додека екипите на Крајбрежната стража синоќа кон бродот испратија и екипи за спасување.
Сеуште не е познато дали има жртви при потонувањето на бродот.