Ferdi Uzun
30 Декември 2022•Ажурирај: 31 Декември 2022
АЈДИН (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а четири се повредени во експлозија што се случи во ресторан во турската област Ајдин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на југозападната турска област, Хусеин Аксој, соопшти дека експлозијата се случила во ресторан во округот Назили.
Како што изјави, меѓу повредените, едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Аксој за АА рече дека според прелиминарните податоци експлозијата се случила при промена на цевки.