Gültekin Yetgin
15 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
ГИРЕСУН
Висорамнините Гиресун, со започнувањето на летната сезона почнаа да ги пречекуваат посетителите, кои сакаат да најдат мир во природата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Висорамнините Ќумбет и Кулаккаја во областа Дерели, откако се стопи снегот, со нивните огромни шуми од смрека и ела нудат уникатни погледи за љубителите на природата.
Зеки Шенликоглу, градоначалникот на Дерели, во изјавата за медиумите рече дека очекуваат активности во туристичките области овој месец.
Наведувајќи дека туристичките капацитети не работеле околу две години поради влијанието на епидемијата на коронавирусот, рече дека очекуваат значително зголемување на бројот на посетители во летната сезона, со намалување на ефектот од епидемијата.

Шенликоглу, замолувајќи ги посетителите на висорамнините да бидат чувствителни на природата, додаде:
„Треба да обрнеме внимание на обезбедување тивки и спокојни средини каде што нашите гости ќе можат да бидат сами со природата. И гостите и локалното население имаат одговорност за тоа. Без да создаваме загадување треба да генерираме сериозни приходи со зачувување на потенцијалот во регионот. Во нашиот регион има сѐ, има дожд, има сонце, понекогаш доживуваме три сезони во еден ден. Има огромни области каде што луѓето можат да го поминуваат времето.“

Истакнувајќи дека миграцијата во големите градови треба да се промени и дека локалните жители треба да останат во своите родни градови, Шенликоглу рече дека затоа тие му посветуваат големо значење на туризмот.
Дурмуш Џошкун, менаџерот на хотелот во Паркот на природата „Кочајаши“, кој е оддалечен 5 километри од висорамнината Кумбет, истакнувајќи дека неговите очекувања годинава се големи и дека има побарувачка за природен туризам, особено поради епидемијата, рече дека годинава очекуваат пополнетост од 90 проценти.