Adsız Günebakan
13 Февруари 2023•Ажурирај: 13 Февруари 2023
ГАЗИАНТЕП (АА) - 40-годишната Сибел Каја е извлечена од под урнатините во Газиантеп, 170 часа по земјотресите што на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување под урнатините на срушените згради во подрачјето на Ислахије во Газиантеп.
Екипите за пребарување и спасување од различни институции, општини и рударски компании, стигнаа до приземјето на срушената петкатна зграда.
Екипите, кои водеа борба против времето, по 170 часа од под урнатините успеаја да ја спасат Сибел Каја, која потоа беше пренесена во болница.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари, а бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.