Necat Hazar
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
ВАН (АА) - Во акции против терористичката организација ФЕТО и ПКК организирани минатата недела во Ван, Туркије, приведени се седум лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во Ван соопшти дека тимови на Одделот за борба против тероризмот работат на откривање на лицата поврзани со терористи.
Во тие рамки, минатата недела организирани се антитерористички акции во кои учествуваа и специјалци. Приведени се пет лица осомничени за поврзаност со терористите на ПКК / КЏК и двајца за поврзаност со терористите на ФЕТО.