Tuba Şahin
20 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
АНКАРА
Турската компанија „Титра технолоџи“ (Titra Technology) претвори хеликоптер во беспилотно летало со импозантни капацитети на летање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челникот на компанијата, Селман Донмез, за АА рече дека основна задача била да се елиминира потребата за пилот, а да се задржат карактеристиките за висина, траење и оптоварување при летовите.
Во проектот беа вклучени и експерти од Белорусија, а беспилотниот хеликоптер може да носи товар до 160 килограми и да лета на висина над 4.572 метри.
Беспилотното летало во еден лет може да помине помеѓу 800 и 850 километри, а карактеристиките му даваат широк дијапазон за користење во воени и цивилни цели.
„Целта на компанијата е и понатаму да го зголемуваме уделот на домашното производство и масовното производство да го започне до крајот на наредната година“, рече Донмез.
Тој, исто така, рече дека леталото може да се користи во подрачјето на комуникациите со интегрирана базна станица во итни случаи и катастрофи и во логистички цели, благодарејќи на големата носивост.
„Исто така, може да извршува задачи како испорака на муниција и снабдување во подрачјата на воените операции“, истакна Донмез.