Sarp Özer
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турските опозициски политички опции Партијата на национално движење (MHP) и Републиканската народна партија (XHP) дадоа целосна поддршка за операцијата „Маслинова гранка“ која турските безбедносни сили ја спроведуваат против терористичките групи ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничното подрачје на соседна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Девлет Бахчели, претседател на Партијата на национално движење (МХП), ја изрази својата целосна поддршка за операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот Африн. Бахчели изјави дека станува збор за операција која претставува национална цел.
Тој додаде дека Африн ќе биде ковчег за терористите на ПЈД/ПКК, по што ќе следи Мунбич кој ќе им биде гробница.
„Потребно е да се исече коренот на операционите партнери на САД. Терористите на ПЈД/ПКК кои делуваат под камуфлажа на наводните Сириски демократски сили (СДС), мора да платат поради нашите загинати херои. Нека се сруши Африн или нека се запалат терористите. Независност или смрт, победа или шехадет до последен здив“, порача челникот на турската опозицициска Партија за национално движење (MHP), Девлет Бахчели.
Заменик-претседателот и портпарол на Републиканската народна партија (CHP), Булент Тезџан, исто така, денес изрази целосна поддршка за операцијата против терористите во Африн.

„Во оваа пригода ние потврдуваме дека како народ, единственo ја поддржуваме оваа операција и ние ќе продолжиме да ја поддржуваме“, рече Тезџан.
Генералштабот на турската армија денеска соопшти дека операцијата „Маслинова гранка“ во регионот на Африн продолжува според планот и дека во неа се вклучени копнените сили.
„Според планот операцијата Маслинова гранка на теренот се извршува со конкретна цел - напад на терористите и нивните позиции, скривалиштата, фронталните линии, вооружените цели, возилата и опремата, а се преземаат максимални мерки на претпазливост за да не бидат повредени невини цивили“, се наведува во соопштението на Генералштабот.
Во соопштението се потсетува дека турските сили вчера ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Aфрин со цел воспоставување на безбедноста во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата окупирана од терористите и спасување на братскиот народ на тоа подрчје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на турските права засновани на меѓународниот договор и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на резолуцииите 1623 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014) кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Турција се повикува и на членот 51 од договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад во јуни 2012 година без судири им го препуштија подрачјето на Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Оттогаш Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 и 10 илјади терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината 1980-те години води терористичка кампања против Турција и досега во терористичките напади на организацијата животот го загубија околу 40 000 лица.