Jeyhun Aliyev
05 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денес приведоа 45 лица, вклучувајќи војници на должност, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно, од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара беа издадени налози за приведување на 64 лица.
Налозите за приведување на 30 лица, вклучувајќи 19 службеници, беа издадени поради нивна поврзаност со мрежата на ФЕТО во турските воздушни сили.
Од Канцеларијата на обвинителот се издадени налози за останатите 34 осомничени лица обвинети за членство во вооружената терористичка организација.
Осомничените се бараат поради користење на апликацијата за кодирани пораки на членовите на ФЕТО, „БајЛок“.
„По налозитe, Одделот за борба против тероризмот на полицијата притвори 45 осомничени“, изјави изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Полицијата продолжува со операциите за апсење на останатите осомничени лица.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.