Gözde Bayar
17 Ноември 2019•Ажурирај: 17 Ноември 2019
АДАНА (АА) - Турската полиција уапси четворица осомничени припадници на терористичката ДЕАШ во Адана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносни извори соопштија дека осомничените се уапсени од полицијата во турската област Адана рано утрово.
Осомничените како сириски државјани во Турција влегле преку сириската граница и планирале терористички напад во јужната турска област.
Од ставањето на ДЕАШ како терористичка организација во 2013 година, ДЕАШ во Турција изведе многубројни напади, вклучувајќи 10 самоубиствени, седум бомбашки напади и четири вооружени напади, во кои животот го загубија 315 луѓе, а беа повредени стотици.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во и надвор од земјата, неутрализирајќи 3.500 терористи на ДЕАШ и апсејќи 5.500.