Ferdi Türkten
15 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Република Турција (МИТ) денес го неутрализира терористот на ПКК, Екрем Устек, во регионот Ајн ал Араб во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екрем Устек, со кодно име Хајри, учествувал во терористички акции во турската југоисточна област Ширнак од 2015 до 2016 година, и се смета за одговорен за убиства на турски војници и полициски службеници.
Терористот по кој трагаше турската полиција има долго кривично досие поврзано со ПКК. Утврдено е дека во текот на 1990-тите години поминал многу години во затвор за кривични дела како киднапирање во име на ПКК, снабдување со експлозив и муниција, обиди за убиство и киднапирање деца за врбување.
Во период од над 35 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.