Ebru Şengül Cevrioğlu
03 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ЗОНГУЛДАК (АА) - Третиот турски брод за дупчење „Кануни“ треба да ги започне своите операции во Црното Море во првите месеци од 2021 година, изјави денес турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.
Во разговорот со Агенција Анадолија (АА) за време на неговата посета на пристаништето „Филиос“ и проектот поврзан со него на брегот на Црното Море во турската област Зонгулдак, Донмез потсети за објавувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган на 21 август за најголемото откритие на гас на Турција од 320 милијарди кубни метри во Црното Море.
Донмез рече дека на 21 август е истакнато и за присуството на понатамошни слоеви што треба да се откријат во регионот по првиот и вториот слој, и дека количината на резервите гас во тоа подрачје може соодветно да се ревидира откако ќе се финализираат активностите за дупчење.
Откритието во бунарот ТУНА-1 во гасното поле Сакарија, на околу 170 километри од брегот на Црното Море, е резултат на упорноста на Турција за наоѓање домашни ресурси на јаглеводороди.
Бродот „Фатих“, што започна со дупчење во подрачјето на 20 јули 2020 година, го откри бунарот по едномесечно дупчење.
„Моментално, истражувањата за дупчење на третиот и четвртиот слој се финализирани и во тек се анализите. Ќе ги завршиме во наредните една до две недели. Потоа, со јавноста ќе ги споделиме евентуалните нови откритија. Како што претходно рековме на 21 август, се надеваме“, рече министерот.
Вклучен во флотата на Турција оваа година, процесот за реактивирање на бродот за дупчење „Кануни“ продолжува во Ташуџу, Мерсин, крајбрежен град во медитеранскиот регион на Турција.
„Планираме бродот да исплови од Мерсин на 10 октомври кон пристаништето „Хајдарпаша“. Таму, ќе се спроведат работи за расклопување на кулата. Имаме три моста на Босфорот и треба да ги расклопиме кулите за да му помогнеме на „Кануни“ да помине под овие мостови. Се надеваме првите операции да започнат во првите месеци од следната година, со тоа „Фатих“ ќе работи заедно со „Кануни“ во Црното Море. Ги вршиме неопходните активности со цел да го спроведеме гасот од Црното Море до нашите граѓани до 2023 година“, порача Донмез.
Министерот, исто така, ја истакна важноста на проектот „Филјос“, за кој градежните работи започнаа во 2016 година, за тековните истражувања на бродот „Фатих“ во Црното Море.
„Филјос не само што ќе обезбедува услуги како пристаниште, туку исто така со проектот е планирано да биде како мегалогистички центар во регионот на Црното Море“, рече министерот.
„Пристаништето ќе биде прогласено за приватна индустриска зона за работење на средни и големи технолошки компании“, додаде Донмез.
„Фатих продолжува со своите операции оддалечени 150-160 километри од ова пристаниште и му е потребна значајна поддршка за одржување на овие операции“, нагласи Донмез, додавајќи дека од тој аспект логистичките центри на брегот играат важна улога за ваквите видови операции.
„Фактот што Филјос ја доби оваа можност деновиве, ни помага да ги добиеме овие услуги на полесен и на поекономичен начин“, објасни Донмез.
Тој нагласи дека градежните активности за проектот поврзани со пристаништето во Филјос привршуваат и дека пристаништето ќе биде пофреквентно кога ќе пристигне бродот за дупчење „Кануни“ во наредните месеци.