Zafer Fatih Beyaz
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Првото слетување на новиот Аеродром „Ризе-Артвин“ во Турција овој месец ќе го направат авионите на претседателот на Турција и на Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Аеродромот ќе биде отворен на 14 мај во присуство на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
Ова е втор аеродром во Турција изграден со користење на морски насип.
Свеченото отворање ќе биде проследено со вечера во чест на Ердоган и Алиев.
Аеродромот со површина од 47.133 квадратни метри се очекува да опслужува приближно 3 милиони патници годишно.