Duygu Yener
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Повеќе од 350 лица се пријавиле во здравствените центри во Турција поради повредите здобиени за време на земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран минатата ноќ во Егејското Море, во близина на турскиот и грчкиот брег, потврди министерот за здравство на Турција, Ахмет Демиркан, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој рече дека 272 луѓе со амбулантни возила беа транспортирани во болницата, а другите пристигнале со приватни возила.
„Kaj три лица беше констатирана фрактура на 'рбетот и половината. Има и повредени со скршеници на нозете. Нема лица со тешки повреди", изјави турскиот министер за здравство, Ахмет Демиркан.
Земјотресот со јачина од 6,5 степени е регистриран во 1.31 часот по локално време, на длабочина од 7,8 километри, соопштија од турската Државна агенција за управување со вонредни ситуации (АФАД).
По земјотресот од 6,5 степени беа регистрирани уште 40 земјотреси со јачина меѓу три и 4,6 степени. Загинаа двајца, а повредени се стотици лица.