Mümin Altaş
05 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, во периодот од 07 до 10 ноември ќе престојува во посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува да се разговара за билатералните политички, економски и воени односи како и за актуелната ситуација во регионот, првенствено во Сирија и во Ирак, но, исто така, и за борбата против тероризмот, вклучувајќи ги и терористичките организации ФЕТО, ДЕАШ и ПЈД/ЈПГ. Планирано е да стане збор и за бегалците и визите.
Како што јавуваат изворите од кабинетот на турскиот премиер, Јилдирим при посетата ќе престојува во Вашингтон и во Њујорк.
Делегацијата што ќе го придружува премиерот Јилдирим ќе ја сочинува неговиот заменик, Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак.
Се планира турскиот премиер да се состане со претставници на исламските и еврејските заедници, медиумите, инвеститорите и стопанствениците.
Се очекува дека овие средби ќе придонесат за решавање на одредени неогласувања со САД, како и кон заедничките напори во унапредувањето на соработката.