Berk Özkan
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во ова соопштение се нагласува дека Ердоган и Вучиќ разговарале за соработката во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), билатералните односи и регионални прашања.
Во соопштението се нагласува дека Ердоган на српскиот претседател му посакал брзо закрепнување на неговиот син, кој е позитивен на вирусот Ковид-19.