Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денес му го честита 59-от роденден на својот азербејџански колега Илхам Алиев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ердоган му посака на Алиев здрав, мирен и долг живот со семејството и нацијата за време на телефонскиот разговор со него“, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.
Турскиот претседател истакнал дека напорите на Алиев за просперитет и развој на неговата земја, како и за мирот и стабилноста во регионот се од историско значење.
Ердоган, исто така, му се заблагодарил на лидерот на Азербејџан за неговиот придонес во зајакнувањето на односите помеѓу Турција и Азербејџан.
Нагласил дека братството и солидарноста помеѓу Турција и Азербејџан во сите области ќе продолжат да се унапредуваат.