Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
АНКАРА
Турските авиони неутрализираа двајца терористи на ЈПГ/ПКК, како дел од антитерористичката операција во северен Ирак, се соопштува од Министерството за одбрана денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани во воздушна операција во северноирачкиот регион Хафтанин“, се соопштува од Министерството на Твитер.
Терористите на ПКК често се засолнуваат во северен Ирак и планираат прекугранични терористички напади во Турција.
Во соопштението се додава дека антитерористичките операции во регионот ќе продолжат без паузирање.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.