Ayşe Hümeyra Atılgan
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија денес соопшти дека турските авиони денес неутрализирале најмалку девет терористи на ДЕАШ во северна Сирија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади цел беа објектите на ДЕАШ во северна Сирија, турските авиони погодија најмалку 26 позиции, вклучувајќи три возила наполнети со оружје, истакнаа турските вооружени сили во соопштение.
Денешната антитерористичка операција во северна Сирија е дел од операцијата „Штитот на Еуфрат”, која е лансирана кон крајот на август за расчистување на северната сириска гранична област од терористите.
Во рамките на операцијата, која денес влегува во 110. ден, над 1.800 километри квадратни се расчистени од терористите на ДЕАШ во северна Сирија.