Sorwar Alam
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска денес соопшти дека се уништени шеснаесет позиции на ДЕАШ од страна на турските воени авиони во северниот дел на Сирија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека воздушните и копнените операции биле спроведени во подрачјето на Ал Баб.
Борбените авиони уништија 16 позиции, а пак турските беспилотни летала уништија пикап камион со оружје на ДЕАШ.
Покрај тоа, тимовите за деактивирање експлозивни направи на турската војска уништија 53 рачно изработени експлозиви во ослободените области во близина на Ал Баб, стратешки град за ДЕАШ.
Во соопштението се вели дека операцијата за ослободување на Ал Баб оди според планот.
Денес е 119. ден од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна кон крајот на август со цел да се подобри безбедноста, да се даде поддршка на коалициските сили, како и за елиминирање на терористичките закани долж границата со Турција.
Над 225 населени места во северна Сирија, вклучувајќи и територија од над 1.860 квадратни километри, досега беше исчистена од терористите на ДЕАШ во рамките на операцијата.