Tuba Onğun
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Турските аеродроми пречекаа над 138 милиони патници во периодот од јануари до септември оваа година, соопшти министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројките за периодот јануари-септември покажуваат пораст од 51 отсто во однос на претходната година“, рече Караисмаиоглу, наведувајќи ги податоците од Генералната дирекција на државната управа за аеродроми.
Над 59,4 милиони патници користеле домашни летови, а околу 78,3 милиони патници се регистрирани на меѓународните линии.
„На аеродромите во наведениот период слетале и полетале над 1,4 милиони авиони, вклучително и прелети, што е за 34,1 отсто повеќе од пред една година“, истакна Караисмаиоглу.
Во карго авиотранспортот, од јануари до септември преку турските аеродроми пренесени се 3 милиони тони товар.
„Аеродромот Истанбул, најпрометниот аеродром во Туркије, регистрира 47,6 милиони патници во наведениот период“, рече Караисмаиоглу, потсетувајќи на изборот на аеродромот за најдобар аеродром во светот за 2022 година минатата недела од страна на читателите на списанието „Conde Nast Traveler“.
Аеродромот во Анталија на турската ривиера опслужи 24,8 милиони патници - 4,6 милиони домашни и 20,2 милиони меѓународни.
- Податоци за септември -
Во септември преку турските аеродроми поминале над 19,4 милиони патници, што е за 23,1 отсто повеќе на годишно ниво.
„Патничкиот сообраќај, што драстично опадна поради пандемијата на коронавирусот, минатиот месец се приближи до нивото од септември 2019 година“, рече Караисмаилоглу.
Летовите, вклучувајќи ги и прелетите, во септември достигнаа 97 отсто (вкупно 118.302 летови и прелети) од нивото пред пандемијата.