Muhammed Nuri Erdoğan
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во рамките на безбедносните операции спроведени во границите на земјата неутрализиран е еден терорист, а еден е фатен жив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операциите се спроведени од страна на тимовите за специјални операции при командата на Жандармеријата во подрачјето на селото Сагозе, областа Лиџе, во Дијарбакир, југоисточна Турција.
- Терорист од портокалова категорија на барани терористи -
Терористот кој е фатен жив е од портокаловата листа на барани терористи за кого имаше распишано награда од 1.00.000 лири (околу 130.000 евра). Станува збор за терористот со иницијали Т.К, познат под кодното име Хеба Роди.
Операциите во регионот продолжуваат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.