Ayşe Hümeyra Atılgan
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Бројот на бегалци од Алепо што се згрижени во турските болници се зголеми на 148, соопшти утринава Генералниот директорат на Турција за печат и информации, јавува Anadolu Agency (AA).
Повредените, особено оние што се во критична состојба, се пренесени во болниците во јужната турска област Хатај.
Меѓу 58-те повредени лица има и деца, се вели во соопштението на директоратот, и се додава дека 13 лица се отпуштени од болница.
Осуммина од ранетите им подлегнале на повредите.
Во рамките на договорот за прекин на огнот постигнат минатата недела од Турција и Русија, цивилите заробени во источен Алепо беа во можност да заминат во сирискиот град Идлиб, кој е под контрола на опозицијата.
„Досега вкупно 20.000 лица се евакуирани од источен Алепо“, објави вчера министерот за надворешни работи на Турција.
Повредените влегоа во Турција преку граничниот премин Џилвеѓозу, а се очекува да пристигнат повеќе повредени лица.
Амбулантни возила и медицински тимови се распоредени на границата со Турција и чекаат да им помогнат на повредените Сиријци.