Sarp Özer
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија нови воздушни напади на новооктриени засолништа на терористичката организација ПКК во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската војска се наведува дека најмалку 16 терористи се неутрализирани во воздушните напади на засолништата на ПКК во руралните периферии на југоисточните турски области Ширнак и Хакќари.
Паралелно со тоа, турските воздушни сили уништија и повеќе пештери коишто терористите ги користеле како засолништа во карпестите планини од пограничниот појас на Ирак.
Меѓу уништените цели е и едно складиште со оружје на терористите на ПКК.
Сепаратистичката организација ПКК е на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ. Станува збор за организација којашто подолго од три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во јули 2015 година. Досега во тие напади се убиени повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на турските безбедносни сили и цивили.
Освен во Турција, ПКК дејствува и во северниот дел на Ирак и во Сирија, каде што дејствува огранокот ПЈД/ЈПГ.