Sibel Uğurlu
22 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
МЕРСИН (АА) - Турските разузнавачки и безбедносни сили во јужниот дел од земјата запленија списоци на регрутирани лица во терористичката организација ДЕАШ, со имиња на нејзини оперативци и нивните националности, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата беше започната од страна на Главното јавно обвинителство на Мерсин за апсење на осомничено лице од Сирија.
Осомничениот е уапсен во подрачјето на Тарсус, а запленета е голема количина дигитални материјали, вклучувајќи и списоци со оперативци на ДЕАШ.
Од 2016 година Турција спроведе три успешни операции во северна Сирија против терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ: операцијата „Штит на Еуфрат (2016-17), операцијата „Маслинова гранка“ (2018) и операцијата „Извор на мирот“
Од ставањето на листата терористички организации во 2013 година, ДЕАШ во Турција изведе многубројни напади, вклучувајќи 10 самоубиствени, седум бомбашки и четири вооружени напади, во кои животот го загубија 315 лица, а беа повредени стотици.
Како резултат на нападите, Турција започна антитерористички операции во рамките на нејзините граници и надвор, во кои неутрализира 3.500 терористи на ДЕАШ, а уапси 5.500.