Faruk Zorlu
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
МАРДИН (АА) - Турските безбедносни сили започнаа операција против терористичката организација ПКК во југоисточната турска област Мардин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата е спроведена со цел да се осигури безбедноста и имотот на луѓето, да се неутрализираат припадниците на терористичката организација и да се уништат засолништата и скривалиштата на терористите во подрачјето Нусејбин“, соопштија доцна синоќа од Канцеларијата на гувернерот на Мардин.
Во 16 рурални подрачја на Нусејбин беше прогласен полициски час.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.