Ahmet Furkan Mercan
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Според официјалните податоци на АА, Турските безбедносни сили во јуни неутрализирале 270 терористи на ПКК во операциите против тероризмот, јавува Anadolu Agency (АА).
За време на воздушните и копнените операции загинаа 23 лица од безбедносниот персонал, а 48 во моментот се на лекување поради повредите со кои се здобија при извршувањето на должноста.
Безбедносните сили за време на операциите уапсија 111 осомничени терористи. Во меѓувреме, во областите Хакќари, Ширнак, Мардин, Дијарбакир и Сирт беа уништени 118 засолништа на ПКК.
Исто така, за време на операциите е запленето и оружје, вклучувајќи протитенковски проектили, митралези, снајперски пушки, пушки и рачни гранати.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на безбедносниот персонал и цивили ги загубија своите животи откако ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата долготрајна оружена кампања во јули 2015 година.