Muhammed Ali Toruntay
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 3 терористи на терористичката организација ПКК во зоната каде се реализира операцијата „Канџа-Молња“ во северниот дел на Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се наведува дека терористите на ПКК се неутрализирани со хеликоптерите „АТАК“.
Во соопштението се наведува дека припадниците на Турските вооружени сили продолжуваат со напади врз терористите во северниот дел на Ирак.
„Тројца терористи на ПКК се неутрализирани од страна на нашите хеликоптери „АТАК“ во зоната каде се реализира операцијата Канџа-Молња“, се наведува во соопштението.